up 0 down

Имам сајт со македонска содржина со стандардни категории, технологија, спорт итн. Сакам time mk да го агрегира, па ме интересира како функционира, дали треба да направам нешто од моја страна или автоматски се одвива индексирањето. 

1 Одговор

up 0 down

Имаш детален опис на сајтот на тиме.мк т.е на следниов линк: https://time.mk/info/uslovi

  1. Веб страницата активно да работи минимум 3 месеци
  2. Во моментот на аплицирање да се достават Google Analytics извештаи за последните 3 месеци (3x .pdf)
  3. Во секој од последните 3 месеци веб страницата треба да има минимум 150 000 посети (visits) или во просек околу 5000 посети дневно (90 000 посети за страници со содржина само од една категорија, на пример: автомобили, храна, здравје, ракомет, технологија, итн.)
  4. Да се објавуваат минимум 60 статии / вести месечно
  5. Да се достават одделни RSS канали за сите категории и поткатегории
  6. Во RSS каналите потребно е да постојат линкови кон мали верзии на сликите од вестите
  7. Датумот и времето на објавување на статиите / вестите да бидат видливо прикажани
  8. Веб страницата да овозможува HTTPS протокол.
  9. Вестите на веб страницата да се отвараат за помалку од 5 секунди.
  10. Доколку вашата страница објавува дневно-политички информативни вести на видливо место мора да биде поставен импресиум а страницата да биде основана од правно лице
  11. Доколку било која веб страница која е веќе дел од изворите на TIME.mk во последниот месец не ја задоволува точката 4) ќе биде отстранета и за повторно додавање ќе биде потребно повторно да аплицира
  12. Доколку вашата страница ги исполнува точките 1) до 10), пратете ни e-mail со потребните податоци на горенаведената адреса

Напиши твој одговор