up 0 down

Имаме поседовен лист кој не ни е признаен како валиден документ со кој можеме да докажеме сопственост на имотот. Има ли разлика, и која е измеѓу имотен и поседовен лист?

1 Одговор

up 0 down

Секако дека има разлика. Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон. Имотниот лист содржи податоци за: катастарските парцели, зградите и посебните делови од зградите и други објекти, носителите на правата на недвижностите, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правната основа на запишување, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувања и прибележувања. Во поседовниот лист се евидентираат податоци за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште, и тој не е доказ за запишаното право на сопственост. 

Напиши твој одговор