up 3 down

Резервирав карта на Wizz air која веднаш ја платив во целост. Но го имам згрешено датумот на враќање. Како да го променам и што можам да направам?

1 Одговор

up 1 down

Променете ги датумот, времето и маршутата на летот за одредена такса и со плаќање на разликата во цените на превоз најдоцна 3 часа пред закажаното време на поаѓање на летот:

  • на страницата со преглед на Вашиот лет
  • преку туристичките агенти
  • на шалтерите на аеродромот
  • преку Центарот за поддршка

Таксата за промена на летот изнесува 2.550 ден – 1.900 ден по патник по лет, во зависност од преостанатите денови пред поаѓањето, заедно со разликата во цените на превоз.
  • Ако преостануваат повеќе од 30 дена: 30 евра по патник по лет
  • Ако преостануваат 7-30 дена: 35 евра по патник по лет
  • Ако преостануваат до 7 дена: 40 евра по патник по лет
Ако достапната цена на превоз или важечките даноци, такси или давачки се пониски за новиот лет, ќе се врати износот на разликата од пониските давачки.
Имајте предвид дека ако побарате промена на лет преку Центарот за поддршка на Wizz Air, ќе Ви се наплати такса за трансакција преку Центарот за поддршка.
Ако сакате да ги промените датумот, времето или маршрутата на летот само за некои од патниците во резервацијата, ќе треба да контактирате со Центарот за поддршка за помош. Во случајов, не се наплаќа такса за трансакција преку Центарот за поддршка. 

Напиши твој одговор