Дали има опција за откажување термин преку Мој термин? Имам закажано преглед, а спречена сум да одам, не би сакала да пропадне терминот, би сакала друг да може да го искористи наместо мене. Лично, телефонски, било каков начин дали постои?
За да откажете преглед закажан преку системот Мој Термин може да искористите некој од следните начини:
- Обратете се до лекарот кој го издал упатот за преглед (матичен лекар или специјалист/субспецијалист) и информирајте го дека сакате да го откажете прегледот;
- Испратете смс порака на телефонскиот број 144 194. Како содржина на пораката наведе го само бројот на електронскиот упат (пр. WR1432);
- Јавете се на телефонскиот број на техничката поддршка на Мој Термин (02) 15 444 (секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот) или
- Испратете мејл на електронската адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk. Наведете го бројот на упат (пр. WR1432), име и презиме на пациентот и телефонски број за контакт.
Откажете го прегледот најмалку 24 часа пред закажаниот термин, за истиот да биде искористен за преглед на друг пациент!