up 1 down
Дали има опција за откажување термин преку Мој термин?  Имам закажано преглед, а спречена сум да одам, не би сакала да пропадне терминот, би сакала друг да може да го искористи наместо мене. Лично, телефонски, било каков начин дали постои? 

1 Одговор

up 0 down

За да откажете преглед закажан преку системот Мој Термин може да искористите некој од следните начини:

- Обратете се до лекарот кој го издал упатот за преглед (матичен лекар или специјалист/субспецијалист) и информирајте го дека сакате да го откажете прегледот;

- Испратете смс порака на телефонскиот број 144 194. Како содржина на пораката наведе го само бројот на електронскиот упат (пр. WR1432);

- Јавете се на телефонскиот број на техничката поддршка на Мој Термин (02) 15 444 (секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот) или

- Испратете мејл на електронската адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk. Наведете го бројот на упат (пр. WR1432), име и презиме на пациентот и телефонски број за контакт.

Откажете го прегледот најмалку 24 часа пред закажаниот термин, за истиот да биде искористен за преглед на друг пациент! 

Напиши твој одговор