up 0 down

Кои критериум треба да ги исполнувам за да ми одобрат кредит во Техномаркет за купување нешто од кај нив? 
И исто така, кои документи ми се потребни? 

1 Одговор

up 0 down

Техномаркет во своите продажни места веќе има можност да нуди брзи наменски потрошувачки кредити преку Стопанска Банка Скопје и УНИ банка до 48 рати без камата. Понудата за рати без камата важи за редовните цени на производите, освен ако не се работи за акција од тој тип.

Со овие кредити можете да купувате на рати и по акциски цени со одлични услови. 

Kритериумите кои треба да ги исполнуваат клиентите за аплицирање:

- Вработени во редовен работен однос во Јавна администрација, АД и приватен сектор
- Вработени на определено време минимум 6 месеци
- Пензионери без оглед дали примаат пензија во некоја од овие две банки - Старосна граница за сите клиенти: 18-70 години до денот на отплатата на кредитот

- Минимум нето плата/пензија: 9.000,00 ден
- Месечни обврски по ануитети за кредити: да не е поголемо од 50% од платата/пензијата

Документи кои треба да ги обезбеди клиентот:

- Документ за лична идентификација
- Потврда за вработување и лични примања
- Барање за потрошувачки кредит (кое се пополнува кај нив во салон)
- Про-фактура од Техномаркет Македонија ДООЕЛ (ја добивате во салонот каде што ќе купувате)
- Заверен извод за последни 3 месеци од трансакциска сметка за исплатени плати/пензии (доколку платата/пензијата е преку Уни Банка или Стопанска банка, и се аплицира во иста банка, ова не е потребно).  




Напиши твој одговор