up 0 down

Какo да гo решам прoблемoт кoга избраниoт лекар кој се пoјавува на сервисoт не е мoјoт избран лекар/ стoматoлoг/ гинекoлoг?  
Може ли некако сами да ги внесеме преку системот или мора да се пријави негде? 

1 Одговор

up 0 down

Доколку во сервисот се појави податок за избран лекар/ стоматолог/ гинеколог, а истиот не е Ваш избран лекар потребно е да појдете до подрачната служба каде го остварувате правото за здравствено осигурување во концеларијата / шалтерот за „Избран матичен лекар“, по референтите потребно е да побарате образец „Изјава за одјава од матичен лекар“ и истата да ја пополните со Вашите податоци или со податоците за членот за кого се однесува барањето. Задолжително со барањето потребно е да биде приложена копија документ за лична идентификација (лична карта, патна исправа) и копија од здравствена легитимација. Барањето за одјава од матичен лекар можете да го преземете и електронски да го пополните од интернет страната на Фондот www.fzo.org.mk во делот за осигурени лица/ обрасци за осигурени лица/ немедицински обрасци.  

Напиши твој одговор