up 1 down
Ве молам да ми кажете кој знае зошто е изменет возниот ред на линија број 59 на релација Карпош - Кучевишка Бара? Од вчера наместо во 16:00 часот сега тргнува во 16:15 часот. Од 15:05 часот па дури во 16:15 часот да нема автобус на оваа релација е навистина срамота (жалосно) во кој век живееме, како да сме на крај од свет. Вака ли сакаме да одиме во ЕУ, наместо да ги зачестат автобусите да има на 30 минути, го изместуваат возниот ред без никакво известување. Се надевам во најкраток можен рок да го вратат по стар возен ред во 16:00 часот да тргнува од Карпош. Повеќе загрижени граѓани сме од Кучевишка Бара, редовни патници. 

1 Одговор

up 0 down

Точно е дека има промена во возниот ред во посочениот термин. Промената е направена по барање на поголема група корисници на јавниот превоз, конкретно на линијата 59. Во случајов, вашето барање/реакција, доставете го до Сектор за сообраќај при Град Скопје, таму се директно надлежни за било какви измени/дополнувања и слично во возниот ред.  

Напиши твој одговор