up 1 down
Дали бесплатни билети има и за ученици од основните училишта и кој знае ве молам да ми ја објасните процедурата за вадење на билети за дете од 11 и 9 години? Дали треба со некакво одобрение од родител или или од училиште, каква е постапката? 

1 Одговор

up 0 down

Не постојат бесплатни билети за учениците од основните училишта. Постојат билети со одреден попуст за ученици кои учат во основни училишта кои имаат остварено соработка, договор со ЈСП. Треба да се информирате во конкретното училиште дали има договор со ЈСП. Независно од тоа, за ученици, кои не остваруваат право за бесплатен средношколски билет (основци, средношколци од приватни училишта) постојат ученички билети со повластена цена од 1.050 ден месечен билет за сите линии. Потребна е ученичка книшка на увид и потврда од училиште, сликање во еден од центрите за персонализација и еднократен надомест од 200 ден за персонализирана елекронска картичка „Скопска“. 

 

Напиши твој одговор