up 1 down
Каде се поднесува барање за паричен надоместок? И во кој временски рок? 

1 Одговор

up 0 down

Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. 
Барањето се поднесува во Центарот за вработување во местото на живеење на невработеното лице, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.
Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот, паричниот надоместок се исплатува од денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период.
Паричен надоместок не се исплатува доколку барањето е поднесено по истекот на времето за кое следува истиот.   
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува 1 месец, ако има стаж на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеца со прекин во последните 18 месеца. 
Невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, паричниот надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настанувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок. Значи, невработеното лице кое има над 60 години и 6 месеци возраст (жена), односно 62 години и 6 месеци возраст (маж) и над 15 години стаж на осигурување, паричниот надоместок му се исплатува до неговото вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен надоместок, (за овие невработени лица не се плаќа придонес за пензиско и инвалидско осигурување).  

Напиши твој одговор