up 1 down

Во кој случај можат самите да ме избришат од евиденција на невработени лица? Дали би ме известиле за таквиот исход? И каде можам да се пожалам? 

Обнови Коментирај

1 Одговор

up 0 down

Бришење од евиденцијата на невработени лица се спроведува доколку лицето:

• веќе не е невработено,

• само се одјави од регистарот,

• не се пријави во утврден рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправдани причини,

• не ја извести Агенцијата за стекнувањето и губењето на правата,

• одбие да се вклучи во активна политика за вработување или не ги исполни обврските од договорот за учество во активна политика за вработување,

• одбие соодветно или погодно вработување или одбие да присуствува на интервју за работа или не покаже интерес за присуство на интервју за работа,

• не обезбеди точни податоци за стекнување статус на невработено лице или статус на учесник во програма за активна политика за вработување,

• кај лицето се утврди постоење на причина поради која лицето привремено не може да се вработи,

• е во притвор во времетраење од повеќе од шест месеци или доколку лицето започне да издржува казна затвор од шест месеци и повеќе,

• од страна на инспекциски орган лицето се затекне да работи спротивно на закон,

• не бара активно работа,

• одбие да потпише Индивидуален план за вработување,

• исполни услови за пензија,

• на странец му истече важноста на личната работна дозвола,

• започне да врши занаетчиска, земјоделска, сточарска или друга дејност,

• одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи и

• замине на отслужување на доброволен воен рок. 

Обнови Коментирај

Напиши твој одговор