up 0 down
Кој знае да ми го објасни процесот на ИПВ (индивидуален план за вработување)? Времетраење, постапка, услови и слично? 

1 Одговор

up 0 down

Во индивидуалниот план за вработување (ИПВ) кој го изработува одговорното лице во центарот за вработување во соработка со невработеното лице, се утврдуваат целите за вработување, планот на активностите на невработеното лице заради вработување, учество во мерките на активни политики за вработување и местото на вработувањето.
Врз основа на заедничка проценка, се предлагаат одредени мерки и активности  кои е потребно да ги преземе невработеното лице во процесот на активно барање работа, а за вработениот во центарот за вработување ИПВ претставува алатка за понатамошна индивидуална работа со невработеното лице. Со овој договорен документ лицето се обврзува активно да бара работа според планираните активности.
Особено е важно доколку невработеното лице го доживува ИПВ како личен план на активности кои треба да се преземат. Затоа е потребно при неговото изготвување да се биде искрен и да се дадат повеќе информации и податоци, што ќе му помогне на вработениот во центарот за вработување на правилен начин да ги насочи активностите за вработување на тоа лице.
Важноста на ИПВ е шест месеци од денот на потпишувањето, по што се вршат негови измени и дополнувања.  

Напиши твој одговор