Кои документи ми се потребни за да ме стават во евиденција во АВРМ како невработено лице? Се плаќа нешто? И кои ми се задолженија за понатака?
Заради добивање на услугите за невработени лица кои ги нуди Агенцијата за вработување, потребно е лицето да се воведе во соодветниот регистар во центарот за вработување, врз основа на пополнет и своерачно потпишан образец – Пријава за воведување во регистар.
Невработеното лице се воведува во евиденцијата на невработените лица во центарот за вработување на чие подрачје има постојано место на живеење.
Воведувањето во евиденција и редовното јавување на невработеното лице е лично. Потребни документи за воведување во евиденција:
Редовно јавување на невработените лица се врши:
На секои 30 дена за:
На секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа.
Невработеното лице при личното јавување во центарот за вработување поднесува на увид лична карта и контролен картон за јавување.
Воведување во евиденцијата на невработени лица не е услов за остварување право на здравствено осигурување, освен за корисниците на паричен надоместок, додека го користат тоа право. Правото на здравствено осигурување, невработеното лице го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија.