up 2 down

Која е постапката за плаќање на возен билет преку мобилен телефон? 

1 Одговор

up 0 down

За да можете да купувате/плаќате билети со мобилен телефон, пред се треба да сте постпејд корисник. Потребно е претходно да ја активирате услугата. За активација пратете SMS со текст „START" на бројот 14 11 14, активацијата е бесплатна. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешна активација на услугата. Чекори за купување билет со мобилен: Завртете на бројот 185 и приближете го телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот. Апаратот ќе ве регистрира – при успешно купување ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Чувајте ја SMS-пораката до крајот на возењето. Цената на дневниот билет за едно возење е 40 денари, а на ноќниот билет е 50 денари. Корисен совет: Откако ќе го завртите бројот 185, ви препорачувам телефонот да го приближите што поблиску до апаратот (валидаторот) во автобусот, а звукот на телефонот да ви биде поставен на максимум, за да може апаратот полесно да го регистрира звукот/повикот, поради можна бучава во автобусот. 

 

Напиши твој одговор