up 1 down
Со сопругот уплативме голем износ за зимски аранжман во Скопска туристичка агенција, меѓутоа во ДДВ делот стои 0%. 
Зошто за дел од фискалните сметки кои ги издаваат мали фирми како туристички агенции во фискалната сметка стои износ на ДДВ нула? 

1 Одговор

up 0 down

Малите даночни обврзници кои во претходната година оствариле промет понизок од 1.000.000 денари, немаат обврска да бидат регистрирани за целите за ДДВ, а со тоа и да пресметуваат ДДВ. Меѓутоа имаат обврска да издаваат фискални сметки. Врз основа на наведеното граѓаните не можат да го остварат правото на поврат на ДДВ од причина што ДДВ воопшто не бил платен. Покрај наведеното, малите даночни обврзници можат да изберат доброволно да се регистрираат за целите на ДДВ независно што прометот за претходната година бил понизок од 1.000.000 денари. 

Напиши твој одговор