Во повеќе наврати ми се има случено фискалните сметки да не можат да се скенираат, најчесто тоа е случај со оние сметки од патарини. Во што е проблемот и дали има некое решение за вакви ситуации?
Под претпоставка дека станува збор за исправен паметен телефон, можно е бар код да биде оштетен или истиот да биде не целосно отпечатен од фискалниот принтер (поради нецелосна техничка исправност на фискалниот апарат или речиси целосна искористениот на тонерот). За овие случаи ги повикуваме граѓаните во организационите едници на УЈП (вкупно 36), каде што граѓаните со помош службениците на УЈП ќе можат да ги скенираат овие фискални сметки на киоск апаратите или скенирате кои можат да прочитаат и делумно оштетени фискални сметки.