Услови за користење

  • Мора да имате 13 или повеќе години за да го користите Прашај (Prasaj.mk). Ако имате под 13 години не смеете под било која околност да го користите овој сервис. Ако сте лоцирани во Европската унија мора да имате 16 или повеќе години за да пристапите и користите овој сервис и не смеете да внесувате лични информации како што се: име, презиме, адреса, телефонски број.
  • Секој корисник кој ќе го користи Прашај (Prasaj.mk), се согласува со условите за користење без никакви ограничувања.
  • Се согласувате дека сите содржини објавени од ваша страна на Прашај (Prasaj.mk) се во ваша интелектуална сопственост и сте целосно одговорни за нив. Со самото испраќање на тие содржини, давате целосни права на овој сервис да ги користат, изменат, дистрибуираат или јавно објавуваат истите.
  • Не гарантираме точност и интегритет и нема да сносиме одговорност за никакви последици кои можат да произлезат од користењето на објавените содржини на Прашај (Prasaj.mk).
  • Не гарантираме дека Прашај (Prasaj.mk) е без било какви грешки и дека секогаш ќе функционира без проблеми.
  • Не можеме да гарантираме дека нашите безбедносни мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање податоци бидејќи дел од нив се јавно достапни на Прашај (Prasaj.mk).
  • Го задржуваме правото да го забраниме, терминираме или суспендираме вашиот пристапот доколку оцениме дека не се придржувате до условите за користење на Прашај (Prasaj.mk).
  • За да пристапите до одредени функционалности на Прашај (Prasaj.mk) мора да креирате акаунт.
  • Администрацијата го задржува правото да измени, избрише и одбие било кој материјал објавен на Прашај (Prasaj.mk).
  • Мора да користите кирилица.
  • Прашај (Prasaj.mk) не е форум преку кој можете да дискутирате на одредени теми.
  • Мора да бидете пријателски настроени во описот кога поставувате/одговарате на прашања.
  • Забрането е користење на непристоен и недоличен говор.
  • Забрането е поставување на прашања/одговори кои се во релација на следниве теми: нелегален софтвер, порнофрафија, сајбер криминал, политика.